Симонов: ДПМНЕ не ја поддржа иницијативата за обезбедување превоз за учителите коишто патуваат во селата
– Обраќање на Советникот од Редовите на Левица – Александар Симонов, по одбивањето на иницијативата за овезбедување превоз за учителите коишто патуваат во селата од страна на Градоначалникот:
„Почитуван градоначалниче, не кажавте дали ја прифаќате или ја одбивате иницијативата. Побаравте од мене да ја повлечам. Не, јас нема да ја повлечам иницијативата! Зошто? – Ова што го кажавате е тотално неточно. Најпрвиo, иницијативата за платен превоз на учителите ја нарековте нечесна. Не разбирам што има нечесно во тоа да поднесам една ваква иницијатива?
Рековте дека ова може да се направи при Ребаланс на буџет или при креирањето на Буџетот. Но, со вас не се согласува Статутот и Деловникот за работа на Општина Свети Николе. Согласно деловникот, можам да поднесам иницијатива во било кој момент за време на траење на мојот мандат. Оттука, тотално е некоректно од ваша страна на посочувате дали јас смеам да поднесам иницијатива или да расудувате дали е тоа чесно или нечесно.
Како што споменавте сами, ова може да се регулира со Ребаланс на буџетот. Ако ја прочитавте иницијативата, таа предвидува со почеток од наредната учебна година. Наредната учебна година започнува на први септември, согласно темпото на ребаланси на буџет, претпоставувам дека ние до тогаш ќе направиме уште два пати Ребаланс на буџет, барем таква беше традицијата претходните години.
Ако нешто не постои како правен проблем, тоа не значи дека овој проблем не постои во реалноста и дека одреден број на луѓе не се соочуваат со ваков издаток од својата плата. Станува збор за издатокот на плата коишто го имаат учителите кои работат во руралните средини, издаток, којшто го немаат учителите коишто работат во градските средини.
Постојат неколку начини преку коишто може да се најде решение:
1. Преку субвенционираниот превоз којшто веќе го плаќаме за жителите на одредени села коишто имаат недостаток на превоз;
2. Преку постоечкиот школски превоз од Министерството за образование
3. Преку одреден надоместок којшто ние како општина би го исплатиле на овие учители.“
– Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржаа Иницијативата на Левица за обезбедување на превоз за учителите што патуваат во училиштата кои се наоѓаат во руралниот дел на општината.