Партијата Левица остро реагира на вчерашното пукање во кафе-бар во центарот на Штип, поврзувајќи го инцидентот со, како што велат, неодговорното однесување на владејачките партии ДПМНЕ и ЗНАМ, кои паралелно со инцидентите туркаат измени на Законот за оружје во Собранието.
„Додека граѓаните живеат во страв од престрелки на јавни места, премиерот Мицкоски и министерот Тошковски на партиски настани тврдат дека ‘народот никогаш не бил побезбеден’“, реагира Левица во своето соопштение.
Според партијата, во Собранието веќе е поднесен предлог-закон за измени на Законот за оружје по скратена постапка, со кој значително се либерализира трговијата со оружје. Најкритичните измени, според Левица, се:
- Зголемување на дозволената годишна количина на муниција за физички лица од 200 на 500 куршуми;
- Отстранување на ограничувањата за набавка на оружје во категориите Б и Ц, овозможувајќи неограничена набавка, за разлика од сегашниот режим кој ја дозволува само за пневматско оружје и нежлебени цевки.
„Ова се скандалозни измени што претставуваат директен удар по јавната безбедност“, порачуваат од Левица.
Партијата упатува директно прашање до премиерот Мицкоски: „Дали паралелно се формира нова компанија блиска до власта за трговија со оружје, која ќе профитира од либерализацијата?“
Левица, воедно, апелира до експертската јавност и граѓанските организации да се изјаснат против измените, оценувајќи дека предложениот закон дополнително ќе ја загрози безбедноста на граѓаните.
Целото соопштение на партијата во продолжение:

