Вулин потврди дека членовите на ПС -Покрет социјалиста- го блокирале Н1: Ќе дојдеме пак и ќе бидеме многу погласни
Александар Вулин, актуелен министер за внатрешни работи на Република Србија, денес изјави дека е против блокадите, но дека тоа било неопходно да се запре со омразата, уништувањето на капацитетите на Србија и дека е загрижен за сите државјани без разлика каде живеат.
– Членовите на ПС дојдоа пред влезот на телевизијата N1 и бараа да се обратат, да се запре со омразата која се манифестира секојдневно спрема секој мисли поинаку и кој има храброст да каже дека неговото дете треба да оди на училиште, дека нема да го признае Косово, дека нема да ја остави Република Српска и дека нема да се воведат санкции кон Русија. Овие од N1 и понатаму мислат дека се во Луксембург, дека се луксембуршка телевизија и дека тоа што не плаќаат данок на државата, ги ослободува од почитувањето на законите на оваа држава. Не сакаме никакви немири и и затоа бевме таму само неколку часа, рече Вулин.
Дали му се малку милијардите на Џилас, малку ли е тоа што со години објаснува дека кога ќе се претплатите на СББ, се претплатувате на политички став, тоа исто го прават и со овие деца на улица.
Секако очекувам дека ќе се огласи некој од ЕУ, како и од сите новинарски здруженија, но никогаш нема да се огласат за нападот на новинарката на Информер. Само сакавме да покажеме какво лицемерие владее и какво лицемерие ги предизвикува насилствата на улиците. Можеме да дојдеме пак и се она што правите, еден ден да ви се врати, додаде Вулин.