Актуелно

(Видео) Крмов: Милион евра за решавање проблемот на кочанската депонија

Пратеникот Борислав Крмов од Левица поднесе амандман кон владиниот предлог-Буџет за решавање на проблемот со кочанската депонија:

Поднесов амандман на предлог-буџетот за 2025 година од милион евра со цел да се реши проблемот на кочанчани. Намерата е тие пари да се искористат да се направи соодветно оградување на депонијата, обезбедување со камери, со чувар и останатите пари да се искористат за сервисирање на машините и купување на нови машини на ЈП Водовод, коешто стопанисува со депонијата којашто е во очајна состојба.

Крмов нагласи дека не очекува опструкции од власта по ова прашање и дополнително побара Информацијата за кочанската депонија да се најде пред пратениците наредната Седница.

За жал, заради роковите на Собранието, нема да се најде на оваа Седница денеска. Но, ние очекуваме и се надеваме дека нема да има опструкции од владеjачкото мнозинство и дека ќе се најде на Седницата на дваесет и први кога ќе има исто и пратенички прашања.