Скопјани мета на политички рингишпил
- Пишува: Дејан Димовски, м-р по електротехника и Координатор на Левица во ИЕ2
Скопје, како главен град на Македонија, е огледало на државата, општествен императив на народот и културен дневник на целокупната историја. Сето ова нѐ задолжува со чист разум, сосема трезвено, да ги гледаме само реалните факти во рингишпилот кој има политички наратив.
Скопје без ЈП Комунална Хигиена и без ЈП Паркови и Зеленило… Зошто? Општините ќе го решат проблемот со сметот и со зеленилото?
1. Прво што паѓа во очи од заедничкиот состанок на Владата и Град Скопје е сликата од масата за водење на разговори. Станува збор за две различни институции со различни ингеренции, законски обврски и воопшто не е логично Претседателот на Советот на Град Скопје да седи од страната на владините претставници спротивно од претставниците на град Скопје. На заедничкиот состанок Претседателот на Советот, Славевски, кого преставуваше? Градот или Владата? Самата слика изгледа како политички рингишпил, а не како разговор на две институции.
2. Делот за наплата за собирање на сметот во градот е на заедничка сметка со наплата на потрошена вода, а истото го реализира ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Логично се поставува прашањето: Како општините во градот ќе ја наплатат услугата за собирање на смет и за одржување на зеленилото кога немаат систем за наплата? Било кое семејство ако направи анализа на сметките за вода веднаш ќе забележи дека приближно 35% од трошокот отпаѓа за потрошена вода, а остатокот од приближно 65% отпаѓа за услугата за собирање на смет.
3. Потсетување: сите јавни претпријатија во Скопје до 1993 година беа во една организациона целина наречена „Комуналец“.
4. Многу сум љубопитен, како ќе наплати смет градоначалникот на Чаир, на Дижонска, на Џон Кенеди и во делот од Гази Баба што потпаѓа територијално на Општина Чаир? Само за потесетување, во 2005 година со терористичката територијална поделба, Општина Чаир е најмалата општина по територија во градот, само да има градоначалник Албанец кој ќе поставува балистички имиња на улици и училишта, ќе гради бисти на УЧК, а ќе узурпира парковски површини за градба на згради без градежна дозвола.
5. Како ќе наплати смет Општина Шуто Оризари?
6. Кој ќе собира смет во Ѓорче Петров, вработените во општинската администрација? Истите оние кои направија дива депонија во Орман и наплаќаа по 1200 денари од камионче?
7. Кој ќе наплаќа смет во Аеродром? Најнеуспешниот градоначалник во историјата на Македонија (Златко Марин е на второ место) или пак братучедите од Бутел и Кисела Вода кои премногу често го употребуваат зборот “историски проекти“ за детски игралишта и по некое бекатонче со мал амфитеатар за партиски престави?
8. Тетово е град со блокирана сметка, град-депонија, без стабилно водоснабдување. Зошто не се одземат ингеренциите на тетовскиот градоначалник? Е за таму треба малку повеќе тестостерон и колаген.
9. Во Скопје има 10 општини тоа се 10 градоначалници со просечна нето плата од 2 500 евра. Вкупно Скопјани плаќаат 300 000 евра годишно за плата за градоначалниците и плус паушал за советниците.
10. Согласно сегашниот Закон за локална самоуправа, општините во градот Скопје имаат законско право да формираат комунални претрпијатија.
На локалните избори во првите две недели од кампањата, половина од членовите на ДПМНЕ, кандидатот за градоначалник го викаа „Даниела“, а не „Данела“.
Решението на загатката на рингишпилот е многу едноставна. Паркови и Зеленило има надлежност врз парк шума Водно, парк шума Гази Баба, градски парк, паркот во Ѓорче Петров. Ви требаат ингеренциите да си цртате маркички и да си градите згради. Не ви е гајле ниту за сметот ниту за зеленилото, тоа го докажавте многупати во изминатите три децении… На Скопје му треба централизација, а не расцепкување! Еден град – една општина. Во овој случај делениците се вишокот. Во Скопје одвишок се општините.