Концерт на црковна музика на локалитетот Врбјанска Чука
Во недела (25 август) со почеток од 18:30 часот традиционално ке се одржи концерт во организација на Центарот за истражувања на праисторијата заедно со Prilep Jazz Weekend и жителите на Славеј.
Деновиве Центарот за истражувања на праисторијата ги заврши овогодишните теренски истражувања на Врбјанска Чука, кои повторно овозможија нови сознанија за неолитската архитектура и извонредната материјална култура од овој период. Истражена е Градба 21 во која се присутни масивна печка, систем на повеќе сандаци за обработка на жито, како и сликани садови, антропоморфни модели на куќи, фигурини, жртвеници, секири и алатки.
Како и во претходните години, така и оваа, истражувањата на Врбјанска Чука завршуваат со концерт во археолошката сонда. Оваа година ќе настапат членовите на хорот Св. Петка кои ќе изведат импресивна програма од средновековни и модерни композитори на духовна музика.