АктуелноИнтернационално

Лавров: Хегемонистичката политика на Вашингтон не е променета со децении

Mинистерот за надворешни работи на Русија – Сергеј Лавров за време на состанокот на Советот за безбедност на ОOН, на којшто се зборуваше за мултилатерална соработка во интерес на создавање поправеден, демократски и одржлив светски поредок во Њујорк изјави дека САД водат хегемонистичка политика со децении која овозможува нивна доминација на мешународната сцена.

Хегемонистичката политика на Вашингтон не е променета со децении. Без исклучок, сите евроатлански безбедносни шеми се засноваа на обезбедување доминација на САД, вклучително и нејзино потчинување на Европа и „задржување“ на Русија. Главната улога му беше доделена на НАТО, кој на крајот ја презеде Европската унија, која се чини дека била создадена за Европејците. Структурите на ОБСЕ без било каква срамежливост се приватизирани со флагрантно кршење на Хелсиншкиот завршен акт.

Рускиот министер додаде дека проширувањето на НАТО е една од причините која довела до украинската криза и нагласи дека државниот удар во 2014 година бише организиран од Вашингтон.

Непромисленото проширување на НАТО, и покрај постојаните предупредувања од Москва во текот на многу години, исто така ја испровоцира украинската криза, почнувајќи со државен удар организиран од Вашингтон во февруари 2014 година за воспоставување целосна контрола над Украина со цел да се подготви офанзива врз Русија со помош на неонацистичкиот режим донесен на власт.

Русија од 1 јули ќе започне да претседава со Советот за безбедност на OОН.