Левица Карпош ја поддржи предлог-одлуката за субвенционирање на кровни покривачи и замена на азбестни кровни покриви

Статус на Ивана Стоименовска – член на Совет во Општина Карпош

На денешната седница на Советот на Општина Карпош, советниците на Левица гласаа ПОЗИТИВНО за предлог-одлуката за давање согласност за објавување на Јавен повик за субвенционирање во постапката за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективното домување и замена на азбестни кровни покриви на индивидуални станбени објекти во Општина Карпош.

Сакаме да потенцираме дека субвенции за промена на азбестните покриви на индивидуални и колективни згради е дел од програмата на Левица за Општина Карпош.

Левица – Карпош секогаш се залага за доброто на граѓаните вклучувајќи и еколошки решенија во делот на енергетската ефикасност кои позитивно влијаат врз здравјето на луѓето.

Имајки предвид дека азбестот е канцероген и има штетно влијание врз здравјето, во таа насока Левица –Карпош секогаш ќе се бори и поддржува политики кои имаат за цел да го олеснат секојдневното функционирање на жителите вклучувајќи ја и нивната здравствена благосостојба.