Небулозите на Општина Тетово во недоглед-Касами не им дозволува на станарите да паркираат пред своите домови

  • Реакција на Левица-Тетово

Во изминатите неколку дена не стивнува револотот и општото незадоволство на жителите од централното градско подрачје кон локалната власт: ВЛЕН-ДПМНЕ.

Станарите од неколку главни улици во центарот на градот, принудени се да паркираат кај ќе стигнат, само не пред своите домови оти ќе бидат казнети – им посочиле од канцеларијата за односи со јавност и паркинзи.

Да потсетиме дека општината им овозможожи на иселениците да паркираат во училишните дворови. Но, очигледно и тие не се доволни за да им се угоди на гастајбатерите од Тетовско.

Потсетуваме дека Касами лично им заблагодари за време на парламентарните избори на иселениците што дошле да гласаат. Што значи – редно е долгот да си го врати, но врз плешките на народот.

Да напоменеме дека ова соопштение не е поткрепено законски и правно, туку се базира на писмена закана со “глоба” (арач) без потпис и печат.

Очигледно е дека правна држава не постои и спроведување на правдата, каде едните уживаат во посебен третман, а домордното население, условно кажано е должно да плаќа енормно високи сметки за комуналии и порези, а нема право да ги користи јавните добра кои му следуваат.

Бараме да се постапи спрема правните нормативи и да се обесштетат станарите, а в иднина Касами да изгради паркиралишта, кои ќе им угодат на иселениците во летниот период, но не на штета на постојаното население, кое во услови на тешка инфлација 365 дена уредно подмирува сметки на општина Тетово за нечии високи апетити!