Апасиев: Лицемерната ЕУ, наместо санкции, договори поевтин гас од Азербејџан

Пред неполн месец воените сили на Азербејџан започнаа воена акција која ја нарекоа „антитерористичка“ и за кратко по објавувањето на акцијата, ерменскиот дел на територијата на Нагорно Карабах ја зазедоа под контрола. По оваа воена акција, ерменските власти, разбирајќи ја воената надмоќност на Азербејџан практично се повлекоа од територијата без борба. По ова следуваше масовен егзодус и протерување на ерменското население од оваа територија.

Земјите од колективниот Запад, предводени од САД и ЕУ, ваквите случувања кои за одредени земји ги третираат како инвазија на туѓа територија, воведуваат санкции и помагаат на „обесправените страни“, во овој случај дејствуваат спротивно. Па така, по Азербејџанската инвазија на територијата на Нагорно Карабах која и припаѓа на Ерменија, наместо воведување санкции, Европската Унија договори поевтин гас од оваа земја.

Ова за нашата јавност го сподели пратеникот Димитар Апасиев на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од европските медиуми кои лицемерно пренесуваат како се згрозени од она што се случува, додека од друга страна, се остварува соработка со насилната страна.

„Лицемерната ЕУ, наместо санкции, договори поевтин гас од Азербејџан! ЕРМЕНЦИТЕ, како и Македонците (пуштени низ вода). Тоа ти е кога имаш кусогледи прозападни “лидери” како Заев/Таче/Мицко и нивните бројлери. Ова е иднината!“ – Напиша кратко Апасиев.