Левица: СДС и ДПМНЕ распродаваат плодна почва за фотоволтаични централи

  • Реакција на Политичката партија Левица

Деновиве октроираниот премиер Димитар Ковачевски, заедно со градоначалникиот од ДПМНЕ Стевче Стевановски, ја отворија фотоволтаична централа лоцирана во село Новаци, Битола.

Како инвеститор во оваа централа фигурира контроверзната компанија ,,АТС Груп”, чиј сопственик ШЕФКЕТ ДЕМИРОВСКИ во минатото беше осомничен за кражба на индустриска сопственост. За да може да се градат вакви централи на плодно земјиште, процедурата мора да помине и преку општинските комисии, кои во случајот се раководени од ДПМНЕ.

Оваа појава на УНИШТУВАЊЕ на плодното земјоделското земјиште почна во локалните самоуправи, контролирани од ДПМНЕ, со пренамена и дозвола за градба на почва која е со намена производство на земјоделски производи. Притоа, при ваквите постапки воопшто не се води внимание за бонитетот на почвата!

Очигледна е тенденцијата на СДС и ДПМНЕ за девастирање на плодната почва, во интерес на крупниот капитал, а за сметка на постепеното згаснување на домашното земјоделско производство.

Додека Мицкоски не пропушта да се пожали дека проектите на неговите градоначалници се саботирани од централната власт, токму во општина Новаци неговиот градоначалник заедно со СДС ја оттуѓува плодната земја за профитот на компанија со контроверзно минато.