Левица: Модуларната ковид болница се’ уште не е во функција

Во целост ја пренесуваме реакцијата на ЛО Левица – Велес

„Бројките на ново заразени од корона вирусот во изминатиот период е во тренд на зголемување.

Изминатата недела во Велес, имаше 185 нови наши сограѓани што се позитивни на корона вирусот, а на ниво на Република Македонија 5.488.

Градоначалникот Аце Коцевски, заедно со министерот за здравство Венко Филипче на 20 февруари ја посетија оваа модуларна болница и најавија дека во рок од 1 недела ќе биде ставена во функција.

Поминаа повеќе од 20 дена од посетата на министерот Филипче и најавата за пуштање во употреба на модуларната ковид болница, но тоа се ‘уште се нема случено.

Дали после овие екстремно високи бројки на ново заразени од корона вирусот приоритет на Владата ќе биде спроведување на пописот во време на пандемија, или здравјето на граѓаните!?

Бараме од надлежните институции во најкус можен рок да ја стават во функција оваа модуларна болница, одговорно да си ги извршуваат своите работни обврски и да ги исполнуваат дадените ветувања, со цел да не се дозволи да има недостаток на болнички кревети како што беше случај во претходните месеци, а со тоа се загрозува здравјето на нашите сограѓани.”

#НеОтворамВрата


МОДУЛАРНАТА КОВИД БОЛНИЦА СЕ' УШТЕ НЕ Е ВО ФУНКЦИЈА Бројките на ново заразени од корона вирусот во изминатиот период е…

Posted by Левица – Велес on Monday, March 15, 2021