XXVI Централен комитет – Левица е единствена опозиција

  • Соопштение на Политичката партија Левица

На 9 јуни 2024 година, се одржа XXVI сесија на Централниот комитет на Политичката партија Левица на кој учествуваа осумдесетина членови на овој орган на Партијата.

На пленарната сесија беше направена рекапитулација на изборните резултати и достигнатиот успех на Партијата. Низ дискусијата беше проанализирана внатреполитичката констелација во која се наоѓа Републиката, како и плановите за идните чекори на Партијата на политичката сцена.

Доследноста до идеолошките вредности, партиските принципи и непоколебливата борба изминативе години, на овој ЦК беше заокружена со констатацијата дека Левица го презема приматот на носител на опозициското движење во Македонија! Партијата градена од децата на транзицијата со помош на искрениот активизам на сите наши членови, доведе до тоа – Левица да прерасне во единствена опозициска партија.

Во наредниот период следува фронтална борба во Собранието на нашите шестмина пратеници на централно ниво, како и авангардна политика на нашите советници во општинските совети, каде што со доза на политичка мудрост, тактичност и политичка зрелост, продолжуваме во борбата против Широката Коалиција, сè до остварување на конечната цел.