Левица настапува со 38 листи за Советите на Општините, како и 7 кандидати за градоначалник

Во прилог ви ја пренесуваме прес-конференција на портпаролот на изборната кампања на Левица – Амар Мециновиќ.

„Драги сограѓани, почитувана јавност

На локалните избори 2021 година, Левица настапува со 38 потврдени листи за советите на Општините, како и 7 градоначалнички кандидати: за Град Скопје, Општина Аеродром, Општина Карпош, Општина Ѓорче Петров, Општина Центар и Општина Велес, Општина Шуто Оризари, Општина Кисела Вода

Од долгогодишно работничко движење, Левица прерасна во парламентарна партија. Во овој здрав демократски подем, под будното око на јавноста, базата на подржувачи непрекинато расте, за прв пат во историјата на независна Република Македонија имаме структура на средно-голема партија, како и можност народот да гласа за социјалистичка политика за која физичкото и психичкото здравје, и материјалната сигурност на жителите се приоритет пред интересот за профит.

партиските кандидати за градоначалници, како и на листите за општински советници – се наоѓаат кадри составени од обични луѓе од сите фели и професии. Правници, архитекти, спортисти, информатичари, инжењери – сите со обединувачки карактеристики на вистински борци.

Дополнително, Левица веќе ја докажа својата принципиелност и неуморност во одбрана на државнотворноста на нашиот народ, и несомнено станува фактор во иднината на Република Макеоднија.

Ние стоиме во одбрана на демократските принципи и зад ослободувањето на институциите од канџите на големите партии. Сведоци сме за системската поставеност која ги обесхрабрува и парализира сите движења и општествени инцијативи, за да ги заштити големите партии. Како што веќе го спречивме зголемувањето на цензусот за учество на независни листи на изборите, и понатаму се залагаме за дополнителна демократизација на овие механизми.

Но, најмногу од се. Свесни сме за праксата за заплашување, лични притисоци и закани за губење на работни места – која мора да запре.
Со месеци наназад, ваков притисок постои и на нашето членство. Не смее да продолжи злоставувањето на луѓето, и да се стави точка на ваквото своеволно однесување на владеачките партии.

Овој октомври, нашето општество ќе исчекори кон оваа иднина.“