АктуелноЛокално

Мециновиќ: Една изборна единица – услов на Левица за поддршка за измените на ЗОРОДУ!

Левица ќе ја услови поддршката за предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа со воведување на една изборна единица, изјави портпаролот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Амар Мециновиќ за Инфомакс.

– Материјалите за измените се уште не се доставени до пратениците, но нема да дадеме бланко поддршка. Услов за поддршка за законските измени ќе биде воведување на една изборна единица, вели Мециновиќ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ги поднесе законските измени во Собранието, а зголемувањето на бројот на министерства и распределбата која ја предлага ги правда со зголемена ефикасност на истите.