Ленка: ДУИ повторно во режија на меѓуетнички конфликт

На својата фејсбук страница Dвижењето за социјална правда ‘‘Ленка‘‘ објавија слики од Цуфи Коха, лицето кое што пукаше кон демонстантите кај плоштадот Скендербег.

Според информациите споделени од здружението иницијаторите на инцидентот, кои го загрозуваа животот на протестирачите се во блиска релација со владејачката ДУИ. Еден од главните спроведувачи на задачате е советник во министерството на Груби. Очигледно е дека ДУИ преку ова министерство своите „насилници“ ги обезбедува со плата од народни пари за истите да бидат достапни кога е потребно да се направи инцидент.

Инаку, ова е Цуфи Коха, во друштво на Омер Буњаку, водачот на навивачка група Шверцери, како и советник во Кабинетот на Владата и министер за политички систем, Артан Груби. ДУИ повторно во режија на меѓуетнички конфликт! – Стои во објавата на ДСП – Ленка.

Потсетуваме, овој инцидент се случи по најавата за меѓуетнички тензии најави исто така министер од ДУИ, Бујар Османи. Останува да видиме дали министерот Спасовски и МВР се ставени во служба на ДУИ.