Изложбата на скулптури и макети „Нова перспектива /Трансформер продукција” вечерва во Крива Паланка

Date:

Изложбата на скулптури и макети на уметниците Анета Стојчевска и Елизабета Тошевска, насловена како „Нова перспектива /Трансформер продукција” , ќе биде отворена  вечерва во  НУ Центар за култура Крива Паланка, на 16 март (четврток), со почеток во 20 часот. 

Според организаторите, „Нова перспектива /Трансформер продукција”  е замислена како заеднички проект на Стојчевска и Тошевска  во кој секоја со свој уметнички израз и визуелна перцепција на уметничкото дело – скулптура претставува нови поинакви трансформирани видувања на мотиви, форми и принципи користени низ историјата на уметноста.

„Идејата да се пристапи на еден феномен од две различни перспективи ја чини оваа изложба уникатна не само во формална, туку и во суштинска смисла. Покрај заедничкиот наслов,  дополнително е замислено користење на одделни наслови и поднаслови аплицирани кај фотографиите од скулптурите на а Тошевска и кај скиците-плановите на Анета Стојчевска, поставени во простор визуелно физички одделен од просторот во кој би биле поставени: скулптурите и 3Д макетите од огледала.  Со тоа, двете поставки чинат една целина и можат да бидат перцепирани заедно“, изјави проф. д-р Трајче Стојанов, естетичар.

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Трамп сака ЕУ да испрати војници во Украина

Се шпекулира дека предлогот за прекин на огнот би...

Тестиран кинески хиперсоничен авион што лета со брзина 6,5 пати поголема од брзината на звукот

Главниот истражувач на проектот изјавил дека станува збор за...

Нигер го забрани Би-Би-Си поради „ширење дезинформации“

Регулаторот за медиуми на африканската држава нареди суспензија на...

Левица: Во кујната во „Кромберг и Шуберт“ продолжува кршењето на работничките права

Пред одреден период, Левица објави за непочитување и кршење...