АктуелноИнтернационалноНастани

Генералното собрание на ОН ја изгласа резолуцијата за Палестина, Македонија гласаше воздржано

Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата со која се повикува Советот за безбедност на ОН да го разгледа членството на Палестина во ОН. Резолуцијата беше усвоена денеска со 143 гласа „за“, 9 гласа „против“ и 25 воздржани. Од земјиоте од регионот, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Црна Гора гласаа за резолуцијата, додека Албанија, Хрватска и Македонија беа воздржани.

Инаку, 15 земји од ЕУ гласаа за резолуцијата за членство на Палестина во ОН, ротив тоа беа две земји од ЕУ – Унгарија и Чешка.

Резолуцијата го повикува Советот за безбедност „ повторно поволно да ја преиспита работата“ и се нагласува на палестинската управа да и се додели членство во ОН, со оценка дека „палестинската управа е квалификувана за членство во Обединетите нации“.

Пред почетокот на сесијата на Генералното собрание на ОН, мисијата на САД во ОН посочи дека САД повторно ќе стават вето ако резолуцијата биде усвоена и барањето за членство испратено до Советот за безбедност.

Американската мисија соопшти дека палестинската управа не ги исполнува критериумите за членство во ОН и дека резолуцијата не ја решава загриженоста што претходно беше покрената за членството на Палестина во ОН.

Во април, палестинските власти повторно ја започнаа својата кандидатура за членство, а подоцна истиот месец САД ставија вето на обидот на Палестинците да постигнат статус на членство. На гласањето во Советот за безбедност 12 членови беа „за“и еден „против“, со американско вето. Израел го пофали американското вето, нарекувајќи ја палестинската понуда „срамен предлог“, додека претседателството на палестинската управа го нарече ветото „нечесно, неморално и неоправдано“.

Во септември 2011 година, палестинската управа не успеа да добие признание од ОН како независна земја-членка. Една година подоцна, ОН одлучија дека статусот на палестинската управа од „набљудувач нечлен“ ќе се промени во „држава набљудувач нечленка“, слично како Ватикан.