Скрпено „решение“

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Новиот Закон за возила, кој го подготвува Министерството за економија, предвидува поставување на налепници на сите возила како би се групирале по тоа колку загадуваат. Ова ќе овозможи, по потреба, да се исклучуваат одредени групи од возилата од сообраќајот. Видливоста на налепниците ќе дозволат лесно да се идентификуваат кои возила се во која група па со тоа и лесно да се пишуваат казни за тие што се приморани да ги користат своите возила и кога им е забрането.

Се разбира, вака би биле погодени САМО оние кои не се доволно моќни да си купат поскапо возило или да ја избегнат казната. Посебно ќе се погодени оние кои немаат ново возило и не се во можност такво да купат, а сепак тоа им е нужно за заработката од која живеат (читај: преживуваат). Од друга страна, бидејќи не се возилата, туку индустриските погони, најголемиот загадувач во Македонија, ова не го решава никако проблемот.

Ова, за жал, е веќе очекувано од власта на СДСМ која за краток период „успеа“ да спроведе и најави куп мерки, за горливите проблеми во Македонија, кои не само што не го решаваат вистински проблемот туку и претежно/целосно паѓаат на грб на најсиромашните како поскапувањата на дизелот и водата, намалување а средствата во буџетот наенети за екологија, забраната за коли на Водно и други.