АктуелноЛокално

Носителот Борислав Крмов помеѓу велешани

  • Соопштение на Левица – ЛО Велес

Денес пратеникот и носител на 3 ИЕ Борислав Крмов, членот на Президиумот Александар Симонов, советниците во Општина Велес Димитар Абрашев и Маргица Урумова, сите дел од листата за пратеници во 3 ИЕ, заедно со членови на ЛО Велес, имаа можност да разговараат со велешани, како и да презентираат дел од програмата на Левица за претстојните парламентарни избори.

Посебен акцент посветија на мерките за пензионерите и младите, а тие се:👇🏼

✅Линеарно зголемување на пензиите
✅ Намалување на старосната граница за одење во пензија: возраст од 60 години – за жени и 62 години – за мажи
✅Воведување достоинствен и загарантиран износ на минимална пензија (2/3 од минималната плата).
✅Субвенционирање на социјални станови за млади до 29 години, како и за млади брачни парови (со или без деца)
✅Попусти за т.н. културни пакети за млади до 29 го дини – за минимум социјални и културни активности (посета на кина, театари, музеи, библиотеки, изложби, концерти, спортски натпревари и сл.)
✅дуплирање на породилното отсуство (од 9 на 18 месеци); Со ваша народна поддршка овие мерки можат да бидат реалност!