(Видео) Димитар Апасиев во македонското Собрание, по повод верификацијата на новите пратенички мандати

Обраќање на пратеникот Димитар Апасиев во македонското Собрание, по повод верификацијата на новите пратенички мандати.

“Почитувани колеги пратеници, зедов збор со цел да го проблематизирам институтот “верификација” кој што постои во нашиот деловник и во нашиот закон (за жал) и во нашиот устав.

Имено сметам дека институтот “верификација на мандат” е остаток од делегатскиот систем и нема потреба да постои. Впрочем не заборавајте дека самите вие претедателе направивте каша-попара на почетокот со осумте пратеници кои што ги верификуваше верификациона комисија која што според нашиот деловник е ад-хок комисија составена од пет членови и таа ги верификува мандатите на првите матично избрани пратеници. Во осум случаи (тоа е со колешката Славјанка Петровска, со колешката Снежана Калевска-Дончева, со колешката Закири, колегата Зекир Рамшулович, колегата Бедри Фазли, Драгица Геолчанова, Фисник Бектеши Шаќири и колегата кој не ни е веќе колега Мирослав  Богданоски).

Вие Направивте стратешка грешка а тоа е дека наместо комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања како што е сега случајот која е друга комисија составена од девет члена, нивните мандати ги верификуваше верификационата комисија и со тоа им направивате проблем во понатамошното делување и еве ја жалбата до Виш Управен Суд (ние отворивме управен спор против собранието и сеуште се тужиме) со самото тоа сакам да кажам дека има една проблематична одредба за која верувам дека вие сте креатор бидеќи вие сте духовниот татко на Законот за обрание иако ние по устав не ни е дозволено да имаме Закон за обрание затоа што не сме Англија која нема Устав па да имаме Закон за обрание-се’ што треба да е за собранието треба да е регулирано во уставот и во деловникот.

Има еден спорен член, тоа е Членот 5. кој вели дека ако не му го веригикуваме мандатото на нашиот следен колега – тој нема право да биде пратеник!

Кој ни го дава нас тоа право и дали тоа не подложи на политичка манипулација? Што ако ние или мнозинството одлучи дека некој пратеник од опозицијата е проблематичен и не му го верификува мандатот а Народот му го дал мандатот, значи ние не го давамемандатот на нашите колеги и одтука овој институт е одвишен и затоа сега за сега го третитаме технички, што е добро, меѓутоа институтот е суштински затоа затоа што оваа проблематична одредба од Член 5. од законот ние треба што побрзо да ја избришеме (значи да го измениме законот ако веќе не го поништуваме целиот закон ) меѓутоа оваа проблематична одредба  во иднина може да направи огромен политички спор во смисла дека опозицијата може да биде буквално десеткувана  (затоа што ако не ни се свиѓа првиот нема да го изгласаме мандатот и тој нема да стане пратеник ). Тоа е противуставна  која што постои во Законот за обрание и со тоа ќе завршам. Јас очекувам наредна верификација да биде после оставките на кандидатите за Градоначалници, наши колеги кои не успеаа да станат градоначалници. Имено, римјаните имале еден Курсус-Хонорум или “Ред на Честа” и тие велеле дека не можеш да бидеш Претор ако не исполнуваш услови за Ед,…???.  Бидеќи во нашиот политички систем пратеничката функција е над градоначалничката, овие пратеници (не знам, тука е колегата Коциќ, не знам кои беа други, кои се кандидираа-кои успеаа) очекувам да си дадат оставки затоа што тоа е редот на нештата. Кога не успевате (вие сте ја шитнале пратеничката функција, практично сте ја искористиле за друга функција и не успевате да се кандидирате да добиете таква функција. Ред е да си дадете оставка и да дијде другиот од вашата листа затоа што вие не сте го исполниле ниту понискиот услов, односно доверба од граѓаните па очекувам од следната седница да ги верификуваме и новите мандати после предавањето оставки од овие наши колеги. Ви благодарам.)„