АктуелноЛокалноНастани

(ВИДЕО) Мојсоска: Програмата на Левица е радикална, бидејќи условите во кои живееме се радикални

Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска, која воедно е и носител на пратеничката листа во ИЕ5 на парламентаните избори, од Ресен порача дека програмата на нејзината партија е радикална, бидејќи уловите во кои живееме се радикални.

#Левица на овие избори ќе настапи со автентична Програма од преку 1000 мерки и нашата Програма е РАДИКАЛНА, затоа што радикални се условите во кои живееме. Ние на овие избори настапуваме со сите оние предлози кои ги поднесовме во Собранието, а власта на СДС и ДУИ ги одби.

Иако СДС ветуваше гарантиран откуп за земјоделските производи, токму Левица поднесе предлог-закон за гарантиран откуп кој СДС го ОДБИ.

Левица поднесе и предлог-закон за платено здравствено осигурување на жените-земјоделки, затоа што нечовечно е во 21 век жените да немаат здравствено осигурување, но партиите на власт немаат интерес да го заштитат трудот на оние кои ја хранат државата.