Претставници на Црвена Младина положија цвеќе по повод 42 години од смртта на Ацо Шопов
На 20 април 1982 година е починат #Ацо_Шопов – македонски поет и преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија.
Автор на првата повоена книга на македонски јазик во слободна Македонија, ,,Песни” (1944), објавена во „Млад Борец”, Белград.
Уште како гимназијалец, во 1940 година, Ацо Шопов станал член на СКОЈ, а две години подоцна, се вклучил во антифашистичката борба, во редовите на Третата македонска ударна бригада.
Член на истата бригада била и Вера Јоциќ, која загинала на 22 мај 1944 година и на која Шопов ѝ ја посветил песната „Очи”.
По војната, Ацо Шопов матурирал во родниот град и заминал за Скопје, каде ги завршил студиите на Филозофскиот факултет, на отсекот чиста филозофија.
Во 1978 година, болеста го присилила да го напушти активниот живот.
За време на животот, Ацо Шопов има објавено тринаесет збирки поезија и исто толку избори од поезијата на македонски јазик, како и петнаесетина избори препеани на странски јазици.
Делегација на ЛО #Левица_Штип и на #Црвена_Младина_Штип, положија цвеќе во негова чест.
“Ако носиш нешто неизречено,
нешто што те притиска и пече,
закопај го во длабока тишина,
тишината сама ќе го рече.”
Нека му е вечна слава!