АктуелноИнтернационалноНастани

Американците не дозволија Палестина да стане полноправна членка на ОН

Постојаните претставници на САД Обединетите нации приложија вето во Советот за безбедност, на предлогот Палестина да стане полноправна членка на оваа организација.

12 од членките на Советот глаза За, две беа воздржани, а единствено против беа САД. На крајот предлог-резолуцијата беше отфрлена со американското вето.

– Денеска е тажен ден. Поради ветото на САд, Палестина не стана полноправна членка на ОН, со што се урна деценискиот сон на палестинскиот народ, беше објавено во известувањето од кинеската делегација во Советот за безбедност.