- Соопштение на Левица-Велес
Почитувани сограѓани,
Четврток (29.08.2024) е закажана 53 та седница на Советот на Општина Велес со почеток во 10 часот.
Како втора точка на дневен ред е Информација за состојбата со езеро Младост.
Бидејќи езерото Младост претставува јавно добро на сите граѓани, ве повикуваме сите заинтересирани еколошки здруженија и граѓани на општината да присуствувате на јавната седница и со своја дискусија, предлози и мислења да дадете свој придонес кон зачувување на локалитетот кој претставува белег и богатство на градот кој моментално полека, но сигурно го губиме.