„Под Сонцето“ – концерт на Бајса Арифовска и пријателите во Крива Паланка
Вечер, во Ну Центар За Култура Крива Паланка, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи концерт на Бајса Арифовска и пријателите.
Настапуваат: Бајса Арифовска, кавал
Дамир Имери: клавијатури
Ратко Даутовски: перкусии
Душко Георгиевски: вокал
Концертот се организира по повод 7-ми Април, Меѓународниот ден на РОМИТЕ.
Бајса Арифовска е македонска музичарка, претставничка на новата генерација ромски и македонски музичари. Активно свири на преку 15 инструменти.
Арифовска е мултиинструменталистка и свири на кавал, тапан, тарабука, кларинет, виолина, тамбура, а пишува и своја музика. Таа била членка на Драган Даутовски квартет и на „Танец“. Притоа, таа свирела на два албума на квартетот на Драган Даутовски – „Разбој“ (2008)[3] и „The Path of the Sun“ (2008). Од 2003 година, Арифовска работи како аранжерка и диригентка на мандолински оркестар при ромскиот културен центар „Дархија“. Со овој оркестар таа одржала неколку турнеи низ Балканскиот Полуостров, а имала бројни настапи на Македонската телевизија. Исто така, таа самостојно учествувала во повеќе меѓународни музички проекти од областа на „светската музика“ (world music). Арифовска учествувала во снимањето на неколку музички албуми, а ја компонирала и музиката за балетот „Скршен сон“. Во 2013 година го објавила самостојниот албум „Macedonian Čalgija“ во издание на „Izvor Music“.