Ванковска во Тетово: Да ја зборуваме вистината за Рамковниот договор

Проф. Д-р Билјана Ванковска, преку својот препознатлив ораторски наратив за црвените линии на татковината, отсечно, левичарски и борбено претстави дел од своите идни претседателски залагања пред граѓаните на Тетово.

,,Тетово ме асоцира на потребата да ја зборуваме вистината за Рамковниот договор, зашто 20 и кусур години живееме без знаење каде лежат нашите најдраги да ги погребаме! Ние имаме визија за поинаква Македонија и тоа не е бајка ниту утопија! Се бориме и не се предаваме, не бегаме од мегдан!”

Игор Димески – советник на Левица, член на ЦК и модератор на Сектор за енергетика и носител на ИЕ6, поборник за 6-ка и предводник на “новиот социјализам”, ја претстави својата мисија и идеологија, пред тетовци.

,,Другари и другарки, соборци Македонија нема светла иднина безбсилна поддршка на Левица на овие двојни избори. Да ја шириме идејата на Левица и со тоа да обезбедиме светла иднина на Републиката. Да живее Левица! Да живее Македонија! Смрт на фашизмот слобода на народот!”

Проф.Д-р Димитар Апасиев, претседател, втемелувач и идеолог на црвениот ураган Левица во Македонија, говореше пред тетовци и членството со моќни факти, денешни, но и историски, кои се тесно поврзани меѓусебе на општествено-политички план, со посебен осврт кон македонските граѓани и потребата за промена на изветвената политичката клима.

,,Тетово ми е омилен град, поради дијалектот и основањето на КПЈ. КПЈ го испрати Кузман Јосифоски-Питу, а Левица Игор Димески! Порачуваме: Немојте да се курчите да не ве вадат со автобуси!

Тој додаде: Последниот бастион на Македонија е Левица и нема да има Влада без Левица.”

Сега е историска можност за разнебитување на политичкиот комфорт и едномослие при избор на политичка определба со излитени ветувања и фрази под чадорот на наметнати договори.

Излез од рамките на ограничување и давање на нов вид можности со нецезурирана слобода на говор и самоозразување.

Црвено и непокорно Тетово ја препознава потребата за вистинска политичка клима како што е Левица. Тетовци преживеаја, изборија и надживеаја многу бури и војни, а со Левица борбата е полесна!

Левица е препознатлива како најбрзорастечка левичарска партија и нејзините храбри активисти чесно чекорат кон прицрстување и идеализирање на Авнојска и Асномска Македонија.

Борбата е започната, да бидеме дел од неа и да станеме горди наследници и продолжувачи на генезата на нашите храбри: асномци, партизани, илинденци, оти ние сме деца на транзицијата и умееме како!

Да го вратиме достоинството на нацијата, порачаа од партијата.