(Видео) Јанков: Градоначалник кој се плаши да оди на суд кога смета дека е во право не треба да биде градоначалник

Архитектот и член на Централниот комитет на Левица, Андреа Јанков, во денешната епизода на Тешки муабети го коментира деталниот урбанистички план за поранешната фабрика Треска.

– Се почнува со стечајот на Треска, гигантот остави зад себе стечајци, не земаа неколку плати и придонеси не им се исплатија.

Таму од 1994 до 2012 година буквално спие стечајниот. Објектите таму се изградени со парите на сите граѓани на Македонија, ниту еден од тие објекти нема имотен лист, стечајниот управител имал зкаонско право и обврска да ги легализира и да ги стави во стечајна маса. Потоа започнува Законот за денационализација и целото земјиште се враќа во рацете на еден сопственик,кога го добиваат земјиштето се стекнуваат и со правото да легализираат дел од објектите. Тие објекти кога се бара одобрение за градење, бидејќи се водат како деловни објекти, таа квадратура има повратни комуналии, со што се оштетува Општина Центар при рушење на објектите.

2012 година се носо ГУП-от за Скопје кој важи 10 години. Тука е предиведно домување и десетина илјади жители да се сместат на тој простор. Донесен е ДУП, во траење од пет години кој е двапати истечен, кој е спротивен на ГУП-от и се предвидуваат поголеми параметри и се добива фантастична бројка од 30.000 жители. Тоа ќе биде во некој временски период, но во рок од пет до десет години само со Треска се зголемува бројот на жители, вели Јанков.

Во врска со правните процедури и можноста Општината Центар доколку ја одземе единственото досега издадено одобрение за градба да плаќа пенали, Јанков смета дека доколку градоначалникот смета дека не треба да го потпише решението, не треба да го потпише дури и ако треба да се води срудски процес за тоа.

– Левица на Совет ќе побара во случајот со Треска секогаш да се бара и мислење од јавното обвинителство, тоа можел и градоначалникот да го направи.

Градоначалник кој се плаши да излезе на суд кога смета дека е во право и не треба да биде градоначалник. Ако морално сметам дека нешто не треба да потпишам, нема да го потпишам, вели Јанков.