Столтенберг: Испорака на Ф-16 на Киев ќе зависи од ситуацијата на теренот

Одлуката за испорака на ловци Ф-16 на Украина не е донесена, ќе зависи од тоа како ќе се развива воената ситуација на теренот. Ова во средата го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Брисел.

„Последниве денови, голем број земји од НАТО најавија почеток на обука на украински пилоти. Се разбира, ова е важно, бидејќи во одреден момент ќе имаме одлука и за снабдуваме со авиони. Кога и како тоа ќе се случи останува да се одлучи. Мислам дека би било мудро да се направи ова чекор по чекор, набљудувајќи како се развива војната и како се менува ситуацијата во земјата“, рече Столтенберг.