Левица: Последици од протоколот – должни сме да ја славиме македонската и старословенската историја како бугарска

  • Реакција на Политичката партија Левица

Во Протоколот, под темата за историјата се наведува дека двете држави прифаќаат во 2022 и 2023 да ги чествуваат сите заеднички историски настани и личности кои се веќе договорени од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, а доколку има политичка волја од двете држави, ќе се прославуваат и други заеднички историски настани и личности!?

Од Владата на Република Македонија се бара да подготви и достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма, на тема Самоилова држава. Бугарските апетити се однесуваат и на старословенската историја, која сега ќе се изучува во бугарски национален контекст.

Солунските браќа, светите учители Кирил и Методиј, Цар Самоил, Гоце Делчев, Прличев и многу други се само дел од листата на македонски личности од кои СДС и ДУИ се откажаа, и со ставањето потпис на Протоколот (и Договорот за добрососедство) им ги подарија на Бугарите, додека воедно се согласија дa се избрише нивното фашистичко и окупаторско минато во Македонија и секое споменување како такво, ќе се толкува како „говор на омраза“.

Вера Циривири – Трена, убиена и силувана од бугарскиот фашистички окупатор; околу 7.200 Евреи кои биле насилно одведени од страна на бугарскиот окупатор, транспортирани во логорот на смртта – Треблинка; Цветан Димов – крвнички убиен; масакрот во Ваташа, каде 12 младинци се изрешетани од куршуми од митралези, па потоа се бодени со бајонети и ограбени…

Ова е мал дел од мноштво вакви историски настани и ликови, што тие денес се обидуваат да ги избришат од македонската историја, учебниците, спомениците, а секое споменување на истите, според Протокотол потпишан од предавничките СДС и ДУИ, ќе биде толкувано како „говор на омеаза“.

Но, ова е единствената „заедничка историја” која ја делиме со Бугарија – окупацијата од фашистичка Бугарија! И тоа е единствена заедничка историја која треба заеднички да се чествува – победата на Македонците над бугарскиот фашизам. За Бугарија не постои ниту заедничка историја на сите Јужни Словени, бидејќи сега таа е бугарска!?

Срамот е огромен и за Европската унија, која давајќи поддршка на Бугарија преку т.н. „француски предлог“, го одобрува фашистичкото минато, а со тоа, наместо осуда, ЕУ дозволува рехабилитација на фашизмот во Европа.