Чистотата е половина здравје, а ова е грдата и болна слика на Штип.

Во еден од ретките зелени појаси на градот, оти сè друго се избе(ка)тонира, глетката е повеќе од загрижувачка.

Каде се локалните власти во континуитет да го чистат ѓубрето? Каде се локалните власти да погледнат малку пошироко од нивните бизнис-интереси?

Дали молчењето од страна на Општина Штип Македонија, значи одобрување за ваквите постапки?

Знаеме дека во близина на оваа локација е филтер станицата, а местото го користат и голем број спортисти и рекреативци за своите слободни активности.

На денешниот 7 Април, Денот на здравјето, Левица – Штип апелира до Јп Исар за чистење и отстранување на овие диви депонии во Штип!

Вие заборавате да исчистите!

Народот вам не ви заборава!