АктуелноЛокалноНастани

Вечерва собир во Тетово: Црвениот бран на Левица и Ванковска го враќа достоинството на Македонците

Борбата за достоинствен дом и татковина продолжува во Тетово, со вистинските и непоткупливи борци за правда! Во Музејот на тетовскиот крај во Тетово во недела на 07.4.2024 година, со почеток од 19:30 часот, ќе ја претстави својата програма за враќање на достоинството на Македонците, претседателскиот кандидат на Левица проф. д-р Билјана Ванковска.

Со говор и јавен настап ќе се претстави носителот на ИЕ6 и советник на Левица, другарот Игор Димески. Пред тетовци свое излагање ќе има Претседателот на Левица и носител на ИЕ1 проф. Димитар Апасиев.

Добредојдени се сите граѓани да се приклучат и бидат дел од црвениот ураган и станат дел од борците кои ќе ја вратат достоинственoста на Македонија!