Охрид СОС: Ниедна кривична пријава, ниедно разрешување – тоа е најголемата катастрофа

Реакција на иницијативата Охрид СОС за изјавата на министерката за култура Ирена Стефоска.


НЕ Е НЕШТО КАТАСТРОФИЧНО

Ова се зборови на предводничката на Министерство за култура, со кои ја потврдува неспособноста на македонските институции и решавањето на проблемот како да сака да го поттурне пред дворот на УНЕСКО, односно меѓународните организации да нè извадат од калта во која сами западнавме. Само да ја потсетиме јавноста дека безмалку триумфално, пред две години, Константин Георгиески изјави дека „одлучивме да повлечеме црвена линија и конечно да му ставиме крај на самоволието и импровизациите во Охридско-струшкиот регион. Со сите мерки и активности кои ги презедовме и ги преземаме во текот на овој процес, ја запираме деградацијата во регионот и ги поставуваме параметрите за заштита и развој на еден долг рок“.

Црвената линија беше отстранување палми и билборди и повеќе медиумски спектакл пред избори со рушење објекти на неколку плажи, бавно демонтирање на бетонската база и обидот за рушење на еден хотел во Далјан. За тоа време градежната експанзија не запира, процесите се пребавни, а никој не подлежи на санкции. Државен инспекторат за животна средина не може да се справи со насипот на земја и градежен шут на самиот брег веќе два месеци, Завод и Музеј на град Охрид и Управа за заштита на културното наследство дозволуваат девастирање на културното наследство. Премиерот Зоран Заев одржува состаноци а комисиите служат за украс. Рамиз Мерко како воопшто да не постои, односно како да се амнестира од одговорност, иако и Општина Струга е во рамките на УНЕСКО регионот.

Балонот од Баку се испостави дека мошне брзо се издува и само се изгуби драгоцено време (или тоа им се даде на оние кои го узурпираат природното и културно наследство). Врти-сучи, сега, како ништо да не било, се релативизира целиот неуспех на институциите преку деновиве повторуваната фраза дека нема да е никаква катастрофа ако регионот се најде на листата светско наследство во опасност. Ниедна кривична пријава, ниедна конкретна санкција, ниедно разрешување во ниедна институција од оние во чија надлежност е Охридскиот Регион. Е тоа е најголемата катастрофа во моментов. Со изјави за медиумите и состаноци нема да направите ништо. Делата се тие каде што константно потфрлувате, со децении.”


НЕ Е НЕШТО КАТАСТРОФИЧНО Ова се зборови на предводничката на Министерство за култура / Ministria e Kulturës, со кои ја…

Posted by Охрид SOS on Thursday, 28 January 2021