Левица поднесе 1200 амандмани и го блокира вметнувањето етничка графа во личните карти

Политичката партија Левица денес поднесе 1200 амандмани на предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за лични карти, поднесен од пратеничката група на БЕСА, со што го прекина разгледувањето на оваа точка, којашто беше на Дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Во одговор на новинарски прашања, Крмов изјави дека само Левица поднесе амандмани за блокирање на овој закон, кој очигледно е политички пазар на власта со албанската опозиција.

„Ваква етничка графа се обиде да вметне Грузија во 1999 година. Тогаш ЕСЧП предвиде дека задолжителното вметнување на етничка припадност во јавни документи ја нарушува Европската рамковна конвенција за национални малцинства донесена од Советот на Европа во 1995 година.” – додаде Крмов.