(Видео) Ванковска: Рамковниот договор допринесе за создавање криминални групи

  • Ванковска во емисијата ,,Само Вистина” го кажа јасниот став за укинувањето на практиката која ја дава државната моќ во рацете на картелот елити на ДУИ!

,При последната промена на Уставот, Охридскиот договор влезе и во преамбулата, што е нонсенс. Критиката на консоцијацискиот модел е дека го слабее граѓанскиот супстрат, демократскиот и од тоа создава картел на елити!

Ова резултира со политика на уцени во која едната страна е секогаш “кингмејкер”. Тоа е обично ДУИ!

Од тоа што го слушам, не ветува ништо добро!

Секоја критика на Рамковниот договор е издржана, проверена и 20 години тестирана во пракса и резултира со уривање на државата и администрацијата!”