АктуелноИнтернационалноНастани

Џулијан Асанж: Хронологија на една голгота

Иако Викиликс почнува да објавува содржини некаде од 2006, пакетот што го објави во 2010 беше клучен за започнување на судската потера по Асанж која трае до ден денес.

2010: Викиликс објавува доверливи американски воени документи и дипломатски депеши поврзани со војните во Ирак и Авганистан. Во нив е открива тортурата што ја вршат американските воени сили и дипломатски тајни на САД, што предизвикува глобална контроверзија.

Ноември 2010: Шведските власти објавуваат потерница по Асанж по обвиненија за силување.

Февруари 2011: Британскиот суд ја одобрува екстрадицијата на Асанж во Шведска, што предизвикува страв за можна идна екстрадиција во САД.

Јуни 2012: Асанж добива азил во еквадорската амбасада во Лондон и избегнува екстрадиција.

Мај 2017: Шведскиот обвинител ја прекинува истрагата против Асанж бидејќи тој и понатаму останува недостапен во еквадорската амбасада.

Април 2019: Новата влада на Еквадор го повлекува азилот, по што Асанж е уапсен во Лондон по барањето на САД за негова екстрадиција.

Мај 2019: САД го обвинува Асанж по основа на Законот за шпионирање, со што почнува новата правна битка на Асанж.

Ноември 2020: Шведска се откажува од истрагата за силување заради немање доволно докази.

Јануари 2021: Британскиот суд ја блокира екстрадицијата на Асанж наведувајќи загриженост за неговото ментално здравје.

Јуни 2022: Британија ја дозволува екстрадицијата на Асанж, на што тој има право на жалба.

Февруари 2024: Високиот суд ја сослушува жалбата на Асанж која се базира на стравот за неговата здравствена состојба.

Март 2024: Високиот суд бара од САД да достават гаранции дека нему ќе му биде дозволено да се повика на првиот амандман, дека ќе добие иста заштита како граѓанин на САД и дека не му се заканува смртна казна. САД имаат рок до 16 април да ги испорачаат гаранциите, во спротивно Асанж ќе може да оди на Апелација.

Преземено од: off.net.mk