Русија ѝ го отпиша долгот на Гвинеја-Бисао

Русија и отпиша долг од 26,7 милиони долари кон Гвинеја Бисао, додека уште 940.000 долари ќе бидат реструктуирани, според двата релевантни договори меѓу земјите.

Првиот договор се однесува на долг од 25,1 милиони долари според договорот од 2001 година кој ги покрива минатите обврски и 1,5 милиони долари за закуп на просториите на амбасадата во Москва.

Русија целосно ги отпишува кредитите и каматите на нив, како и 38 отсто од долгот за изнајмување. Вториот документ се однесува на долг од 960.000 долари. Русија го отпишува целиот долг, како и каматите акумулирани од 2010 година.

Гвинеја-Бисао се обврзува да ја искористи оваа сума за финансирање проекти кои ќе го зголемат пристапот на населението до виталните ресурси, ќе ја зајакнат националната здравствена заштита и образованието и ќе обезбедат снабдување со општествено важни добра. Гвинеја ги избира компаниите кои учествуваат во проектите врз основа на конкурс.