Институтот „Конфуциј“ организира предавање на тема Династијата Хан и почетоците на Патот на свилата

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е основан во 2013 година.

Со формирањето на Институтот се зајакнува образовната соработка помеѓу Народна Република Кина и Република Македонија, помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и универзитетите во Народна Република Кина, се поддржува и се промовира развојот на наставата на кинески јазик и се зголемува меѓусебната комуникација и разбирање помеѓу граѓаните на Кина и Македонија.

Институтот „Конфуциј“ организира предавање на темата „Династијата Хан (202 п.н.е. – 220 н.е.) и почетоците на Патот на свилата 《汉朝及丝绸之路的开端“, кое ќе се одржи онлајн во понеделник 9. Мај, со почеток од 19:00 часот.

Предавањето ќе го одржи докторот по кинеска филологија Игор Радев, а предавањето ќе можете да го проследите на следниот линк.