Левица и во Малешевијата – Отворена канцеларија во Пехчево

Претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев и пратеникот во Собранието Борислав Крмов свечено ја отворија канцеларијата на Левица во Пехчево.

На настанот, покрај големиот број граѓани, присуствуваа: потпретседателот на Левица – Реџеп Исмаил – Хактан, членот на Президиумот другарот Александар Симонов , координаторот на Секторот за политички систем Кристијан Димков и проф. Билјана Ванковска, кандидат за претседател на Македонија.

,,Растот на партијата е евидентен. Претходно отворивме локални ограноци во поголемите градови, сега дојдоа на ред и помалите места во Република Македонија. Овие средби, и вашата поддршка не полнат со енергија да ја продолжиме нашата борба”, истакна Крмов.

,,Никнувнаме како печурки, Левица добива подржувачи во сите краеви на Македонија. Пред само неколку години имавме само две канцеларии, денес имаме над педесет. Ова само докажува дека народот ја препознава искреноста и вистинската борба“ рече Апасиев.

Професорката Ванковска се заблагодари на активистите кои беа вклучени во процесот на собирање потписи и истакна дека секој добиен потпис ќе го оправда за време на кампањата. Таа додаде дека очекува огромна поддршка од гласачите на денот на изборите.

Истокот црвенее!

Народот е на наша страна!