Ванковска: Израел досега уби 3 ректори и 95 декани и универзитетски професори

Да не ги заборавиме – никогаш! Досега Израел уби, меѓу другите, и 3 ректори, како и 95 декани и универзитетски професори, вели Билјана Ванковска.

– Академската заедница овде одговара со еден гласен молк! А божем бевме “бунтовни со причина”, божем баравме меѓународна поддршка во едно вмровско време. Да се случуваше ова во некоја друга земја, а не врз Арапи и во Израел, сите ќе се згрозуваа.

Слобода за Палестина, порача кандидатката за претседател на Македонија, додавајќи:„ Нека почиваат во мир сите професори, студенти, новинари, лекари, деца и старци. Досега бројот на загинати цивили изнесува близу 33.000“.