Асанж ја одложи екстрадицијата во САД, прифатена е неговата жалба од британскиот суд

Лондонскиот Виши суд пресуди во корист на Џулијан Асанж. Основачот на Викиликс сега ќе може да продолжи да ја оспорува одлуката за негова екстрадиција во САД пред британските судови, јавуваат британските медиуми.

На основачот на Викиликс, Џулијан Асанж му беше дозволено да поднесе жалба на одлуката на Велика Британија да го екстрадира во САД.

Двајца судии од Високиот суд сметаат дека треба да се одобри нова жалба на Асанж доколку американските власти не дадат дополнителни гаранции за тоа што ќе се случува со него. Пресудата значи дека правната сага, која се одолговлекува повеќе од една деценија, ќе продолжи. Случајот е одложен за 20 мај.