Левица: Рударските концесии ја отуѓуваат рудата и ги носат парите надвор од државата

Петте најголеми рудници во Македонија во 2022 година направиле приход од 281 милиони евра и профит од 68.3 милиони евра, порачуваат од Левица.

-Со плаќање на 2 отсто концесија по металична суровина на државата Македонија требело да и се исплатат 1.36 милиони евра.

Доколку концесиите за ископ би имале реална вредност од 15 отсто тогаш компаниите на државата ќе требало да исплатат концесија од 10.3 милиони евра, сметаат од партијата.