Деновиве во општина Куманово повторно изникна балистичка дивоградба на споменик на УЧК во населеното место Воиновиќ. Зачудува фактот што за дивоградбата знаат сите, освен градоначалникот Димитриевски и ЗНАМ. Дали градоначалникот Максим Димитриевски овој пат ќе постапи согласно законите и ќе ја сруши балистичката дивоградба во Куманово или ќе продолжи со неговиот принцип на владеење – ништо НЕ ЗНАМ, порачаа од Левица.
Основоположникот на срамната придавка СЕВЕРНА и инфлуенсерскиот патриот кој го остава Куманово да тоне, додека тој пробува да се самореализира како претседателски кандидат, време е да се фати за работа во својот двор согласно позитивните законски регулативи.
Ваквите дивоградби го нарушуваат амбиентот на почит и почитување на државниот поредок и претставуваат директна закана по безбедноста и унитарноста на Републиката. Жителите на Куманово се згрозени од чинот на поставување на необалистички обележја на територијата на градот кој преставува основоположник на антифашистичката борба на Македонскиот народ.
#Левица бара веднаш градоначалникот Максим Димитриевски да постапи согласно со законската регулатива и да ја острани дивоградбата во село Воиновиќ и воедно го потсетува Димитриевски дека е градоначалник на град во кој пукнала првата пушка во борбата против фашистичкиот окупатор.
Следи го Антропол преку Google