Русија безусловно ги признава македонскиот јазик историја, култура и идентитет
Русија секогаш безусловно признава самостојноста и автентичноста на македонскиот јазик историја, култура и идентитет, изјави денеска рускиот амбасадор Сергеј Баздникин при неговата посета на Куманово.
„Ние сме подготвени за конструктивна, взаемна, корисна, соработка до тој степен и во оние области за кои се спремни двете страни. Нашата интеракција треба да се развива на деполитизиран начин, врз принципите на еднаквоста, взаемна доверба и почитување, прагматизмот и водење сметка за меѓусебните интереси. Длабоката взаемна поврзаност на нашите народи не зависи од политичките прилики. Руската страна секогаш безусловно признава самостојноста и автентичноста на македонскиот јазик историја, култура и идентитет.“ – Изјави амбасадорот Баздникин.
Иако Македонија во изминатите неколку години неколкукратно воведе санкции кон Русија, а неколку пати протеруваше и руски дипломати без никаква причина, амбасадорот нагласи дека Русија и натаму ќе се обидува да изгради и негува добри односи со нашата држава. Потсетуваме, Русија во најтешките периоди од пандемијата, неколкукратно донираше вакцини на Македонија