Мојсоска: Агендата на Касами е тотално необалистичка и насочена кон рушење на АСНОМ

  • Фејсбук статус на Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица

Општина Тетово, која е депонија на дивоградби, пратила ИНСПЕКЦИЈА за поставени бисти на партизаните од НОБ –

Тодор Циповски-Мерџан и Ѓоце Стојчевски-Амбарче! Под изговор дека се поставени незаконски и дека поттикнувале ОМРАЗА?!

Иначе, Тодор Циповски-Мерџан и Ѓоце Стојчевски-Амбарче (како борци на Третиот партизански одред) се убиени од БАЛИСТИТЕ на 19 септември 1944 во гостиварското село Беличица. Во одбраната на Беличица животот го дале 19 партизани од Третиот партизански одред, биле заробени 4 партизани кои после два дена биле стрелани во Тетово, од кои еден го преживеал стрелањето. Балистите во селото Беличица убиле и 17 жени, деца и стари.

Повелете доказ дека агендата на Касами е тотално НЕОБАЛИСТИЧКА и насочена кон рушење на антифашистичките темели на АСНОМ. Додека ДПМНЕ како нивен коалиционен партнер во Тетово МОЛЧИ пред отворената негација на жртвите во антифашистичката борба.

И да, соживот со балисти ниту имало, ниту ќе има!