Димков: Условите во студентските домови се мизерни и нехумани

  • Изјава на Кристијан Димков од Студентски отпор за емисијата 24 минути

Искрено тоа е страшно , страшно е што во 21 век имаме такви услови за студентите кои се наводно, се прокламираат како иднината на оваа земја. Имаме услови кои се мизерни. Мензата, јадењата се смешни, ние кога го правевме протестот се обидовме на еден хумористичен начин тоа да го доловиме дека нели даваат за јадење една кришка леб и една зденка, што стварно го даваат тоа.

Понатаму имаме и други проблеми, пред некој ден излегоа од еден друг студентски дом „Гоце Делчев“ слики со мува во лебот. Мислам тоа се услови кои не се достојни за студенти, тоа е класна дискриминација бидејќи децата на богатите семејства не одат во студентски дом да престојуваат.

Повторно ќе кажам тоа е класна дискриминација, тоа е неспоредливо, како статус на кралеви и на закрепостани селани, од феудалниот систем, тоа се страшни услови за кои мора да има итна санација на тие услови.