Ленка: Обзнана на стравот од својот грев

Движењето за социјална правда – ЛЕНКА на социјалните мрежи го објави следниот пост:

Обзнаната, како одлуката на државниот врв на Кралството СХС од 29 декември 1920 година, ја забранува Комунистичката партија на Југославија, која претходно, со своите активности го анимирало работништвото и селанството и победила на изборите во голем врој општини и освоила значителен број мандати во Уставотворното собрание на Кралството СХС.

Меѓу другото во Обзнаната се вели и следново:

До решение на Уставот да се забрани секоја комунистичка и друга разорна пропаганда, да се запре работата на нивните организации, да се затворат нивните собиралишта, да се забранат нивните весниквесници и сите други списи“. Веднаш да се спречат сите повици за генерален штрајк и до месец дена да се затворат сите кои ги прават усно или писмено.

„Ќе се забрануваат сите печатени материјали со кои се намалува значењето на овие мерки наредени за одржување на слободата, редот и ИМОТОТ.“

„Да се преземаат остри мерки против водачите и моралните подбуцнувачи, без разлика дали се тука или обезбедуваат вештачко алиби.“

„Од нашата земја да се протераат сите странци кои би се придружиле на смутовите и би ги јачале.“

Од државна служба да се отпуштат сите чиновници виши и нижи, кои би ја продолжиле пропагандата на болшевизмот во нашата земја, а да се одземе помошта за школување на сите студенти комунисти.“

П.С. Секоја сличност со клеветите и друг вид гнасни хушкања, кои изминатиов период владеачката партија СДСМ ги пласира кон Левица и нејзиното раководство, се случајни и ненамерни…но со иста цел: капиталот да се одбрани од налетот на национално и социјално опресираниот народ!