Левица: Загубата во работењето на ЈП Куманово гас од над три милиони денaри

  • Реакција на Левица – ЛО Куманово

Тримесечниот извештај за финансиско работење на ЈП Куманово гас потврдува дека во тек на овој квартал претпријатието остварило загуба од 1.244.136,00 денари.

Ова претпријатие има континуитет на работа со загуба. Согласно со претходните извештаи, во тековната година досегашната загуба е 3.649.003,00 денари. Споредбено со 2021 година, загубата на ЈП Куманово гас во први 9 месеци е за високи 27% поголема од лани.

Левица – ЛО Куманово предупредуваме дека претпријатието, водено пред се од партиски кадри континуирано ги зголемува долговите, што неминовно еден ден ќе доведе до зголемување на цените на неговите услуги, кое во време на економска криза дополнително ќе удри по џебот на граѓаните.

За превенција од вакво сценарио нужни се структурни измени во работата и организацијата на претпријатието на локално ниво, како и подобри политики за снабдување со енергетски ресурси на централно ниво.