Левица поднесе иницијатива за изработка на катастар на зеленило во Свети Николе

  • Соопштение на Левица – Свети Николе

Советникот од редовите на Левица во Советот на Општина Свети Николе поднесе Иницијатива за отпочнување на постапка за изработка на „Катастар на зеленило на територијата на Општина Свети Николе“.

Согласно член 5 од Законот за урбано зеленило, секоја Општина, вклучувајќи ја и Општина Свети Николе, е должна да изработи Зелен катастар на територијата на својата општина. Тоа значе дека (согласно член 9, 10 и 11 од Законот за урбано зеленило) сите типови на зеленило треба да бидат попишани според: типологија на растение, здравствена состојба, висина, ширина, крошност, старост и потребна интервенција.

Сметаме дека оваа обврска Општината треба да ја спроведе заради обврзувачката законска регулатива од една страна, но и заради потребата да се заштити зеленилото и парковите во општината кои не ретко се мета на оштетување поради различни мотиви.

Воедно сметаме дека ваквиот Катастар на зеленило на територијата на Општина Свети Николе, е потребен заради тоа што моментално одржувањето на зелените површини е на исклучително ниско ниво, хигената на одредени делови е во катастрофални услови и евидентна е потребата од зголемена грижа за зелените површини и природата воопшто.

Предлагаме ваквиот катастар да бидат препорачани зелени подрачја, од обработливо земјиште, паркови и шуми, кои ќе биде целосно заштитени од олигархиските нагони за градење на објекти, поставување фотоволтаични панели, за кои постојано стигнуваат барања за изградба, преку кои се прави окупиација на плодните и зелени површини.